вторник, февруари 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп: Започна трговскиот договор со Јапонија, опфаќа инвестиции вредни 550 милијарди долари

Трамп: Започна трговскиот договор со Јапонија, опфаќа инвестиции вредни 550 милијарди долари

15
EPA/Francis Chung / POOL

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес објави дека е започнат трговски договор меѓу Соединетите Американски Држави и Јапонија, кој опфаќа инвестиции во вредност од 550 милијарди долари.

„Јапонија сега официјално и финансиски ја започнува првата рунда инвестиции во рамките на својата обврска да инвестира 550 милијарди долари во Соединетите Американски Држави, како дел од нашиот Историски трговски договор за ревитализација на индустриската база на Америка, создавање стотици илјади одлични американски работни места и зајакнување на нашата национална и економска безбедност како никогаш досега“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Тој објави три „огромни“ проекти во стратешки нафтени и гасни полиња во Тексас, производство на електрична енергија во Охајо и критични минерали во Џорџија.

ИЗДВОЕНИ