Трамп за унгарскиот премиер: Фантастичен си, знам дека многумина не се согласуваат, но јас сум единствениот чие мислење е важно

55
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан „фантастичен“ лидер за време на мировната конференција за Газа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, додавајќи дека целосно го поддржува.

Видео од изјавата на Трамп беше објавено на „Фејсбук“ страницата на унгарскиот премиер, објави унгарската MTI.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан „фантастичен“ лидер за време на мировната конференција за Газа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, додавајќи дека целосно го поддржува.

Видео од изјавата на Трамп беше објавено на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, објави унгарска MTI.

„Ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене за тоа, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.

Трамп додаде дека го поддржал Орбан на последните унгарски избори.

„Следниот пат ќе бидеш уште подобар. Ние сме со тебе 100 проценти“, рече Трамп, додека Орбан му се заблагодари на американскиот претседател во објава.

ИЗДВОЕНИ