Трамп за тврдењата дека Украина ја нападнала резиденцијата на Путин: „Не знам, но тоа би било многу лошо“

242
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамна дознал за руските тврдења за наводен украински обид за напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин и дека нема информации за тоа.

„Всушност, само што слушнав за тоа, не знам ништо за тоа. Тоа би било многу лошо“, рече Трамп, коментирајќи ги обвинувањата на Москва.

Кремљ објави дека Путин го информирал Трамп за наводниот напад во телефонски разговор вчера.

Тие додадоа дека Трамп е „шокиран и згрозен“ и, како што рече советникот на Путин, Јуриј Ушаков, „ова несомнено ќе се одрази на пристапот на Американците кон соработката со Зеленски“.

Зеленски ги негираше обвинувањата, наведувајќи дека тие се „типични руски лаги“.

ИЗДВОЕНИ