Доналд Трамп вели дека нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на Русија може да предизвика „голем проблем“. Зборувајќи во Овалната соба, американскиот претседател рече дека ќе ги разгледа извештаите.
„Наскоро ќе бидам информиран, па ќе ве известам вечерва или утре“, рече тој.
На прашањето што мисли за ситуацијата, Трамп одговори: „Па, не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа кога се случува. Може да биде голем проблем“.
Два руски борбени авиони ја нарушија безбедносната зона на платформата за дупчење „Петробалтик“ во Балтичкото Море, соопшти денес полската гранична полиција.
„Два руски борбени авиони летаа на ниска надморска височина над платформата „Петробалтик“ во Балтичкото Море. Безбедносната зона на платформата беше нарушена“, според објава на платформата „Икс“.
Граничното одделение соопшти дека полските вооружени сили и другите служби биле известени за инцидентот.
Естонската војска потврди дека руските борбени авиони биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 со седиште во Амарија, Естонија, како дел од мисијата за воздушен надзор над Балтичкото Море.
НАТО и Европската Унија денес го осудија упадот на руските борбени авиони во Естонија и изразија солидарност со балтичката земја.
Руските државни новински агенции сè уште не објавија за упадот на руските борбени авиони во Естонија.