Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „не брза“ во врска со преговорите со Иран.
Како одговор на прашање од новинар на Ал Џезира за продолжување на преговарачкиот процес, Трамп рече дека и економските и воените акции се „ефикасни“ и дека „не брза“ кога станува збор за преговорите со Иран.
„Немам рокови, не ми се брза“, рече американскиот претседател.










