Американскиот претседател Доналд Трамп во средата, 25 февруари, разговараше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговорите меѓу Украина и Руската Федерација за прекин на војната и му спомена дека би сакал војната да заврши во текот на следниот месец, дознава ексклузивно Axios од висок украински функционер и два анонимни извори запознаени со сите детали од телефонскиот повик. Трамп би сакал војната да заврши во рок од еден месец, за да може да се потпише мировен договор до летото.
Трамп разговараше околу 30 минути со Зеленски и тоа беше нивниот прв директен контакт по нивната лична средба во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум одржан кон средината на јануари оваа година. Претставници на американската делегација на преговорите со Украина во Женева, Швајцарија – Џаред Кушнер, зет на Трамп, и Свит Виткоф, специјален пратеник на Трамп.
Самиот разговор бил во добар и пријателски тон. Споед изворите на „Аксиос“, Зеленски му се заблагодарил на Трамп за неговата досегашна поддршка и рекол дека Трамп е единствената личност што може да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната до крајот на оваа година.
Една од темите била можноста за трилатерален состанок меѓу Трамп, Путин и Зеленски. И Путин и Зеленски претходно изјавија дека ќе мора да разговараат за територијалните прашања лично, а Трамп вети дека ќе се обиде да организира таков состанок.
За потсетување, војната во Украина влезе во својата петта година. Моментално нема крај на повидок; кон крајот на декември 2025 година, САД ѝ дадоа на Украина усни безбедносни гаранции, но сè уште не е потпишан никаков официјален договор.












