Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД ќе добијат сè што сакаат со Гренланд, откако минатата недела се согласија за рамковен договор.
„Ќе имаме сè што сакаме. Водиме некои интересни разговори“, изјави Трамп за „Њујорк пост“, пренесе „Анадолија“.
Тој рече дека САД би можеле да добијат суверенитет над земјиштето во Гренланд со преземање на сопственоста врз областите каде што се наоѓаат американските воени бази. Трамп го омекна својот тон за стекнување на данска територија во четвртокот по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, Швајцарија.
Тој објави дека разговарале за рамковен договор за Гренланд што ќе ги реши неговите безбедносни проблеми и ќе се спротивстави на руското и кинеското влијание.












