Трамп во ОАЕ беше пречекан со необичен „танц со коса“/ВИДЕО

79

За време на неговата регионална турнеја на Блискиот Исток, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше пречекан во Обединетите Арапски Емирати на необичен начин – со традиционален арапски танц наречен Khaleegy, познат и како „танц со коса“, пренесува NDTV.

На церемонијата за пречек во Абу Даби, група жени од ОАЕ изведоа танц со потекло од земјите на Персискиот залив, а настапот брзо стана вирален на социјалните мрежи ширум светот. Иако коментарите најмногу беа насочени кон контрастот помеѓу танцовиот израз и познатата фризура на Трамп, зад овој момент се крие богата културна приказна.

Што е танцот Калиги?

Khaleegy, што значи „Залив“ на арапски, е традиционален женски танц кој потекнува од Саудиска Арабија, Кувајт, Оман, Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Најчесто се изведува на свадби и други свечени настани, а се карактеризира со нежни движења со рацете, нишање на телото и – по што е препознатливо – драматичното замавнување на долгата коса.

Танчерките носат долг, широк фустан познат како thawb, кој го користат за дополнително да ги истакнат своите грациозни движења, создавајќи речиси хипнотизирачки визуелен впечаток. Во светот на ориенталниот танц, Khaleegy исто така станува сè попопуларен, особено меѓу стомачните танчерки.

ИЗДВОЕНИ