Претседателот на САД, Доналд Трамп, вечерва изјави дека Американците ќе добијат високо збогатен ураниум од Иран.
„Ќе го добиеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме кога ќе го добиеме, но нема да им дозволиме да го добијат“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, издаде директива со која се забранува префрлање на иранските залихи на високо збогатен ураниум во странство, објави денес британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на два високи ирански извори.
Според иранската агенција Фарс, Вашингтон бара овие залихи, кои би му овозможиле на Иран брзо да го достигне нивото на збогатување потребно за воена употреба, да бидат префрлени во Соединетите Американски Држави, пренесе „Бета“.












