Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека Иранците сакаат да разговараат со него и додаде дека ќе го сторат тоа, но не прецизираше точно кога.
„Иранците сакаат да разговараат со мене и јас се согласив да разговарам со нив. Требаше да го сторат тоа порано. Чекаа предолго“, изјави Трамп за американскиот Атлантик, објави „Бета“.
Прашан кога ќе се одржат овие разговори, американскиот претседател рече дека сè уште не знае кога и додаде дека некои од Иранците кои учествуваа во преговорите во последните недели се мртви.
Во врска со продолжувањето на операцијата за поддршка на потенцијално народно востание во Иран, Трамп рече дека прво треба да ја процени ситуацијата и да донесе одлука.
Израел и САД го нападнаа Иран рано наутро во саботата. Иран одговори со ракетни напади врз голем број земји во регионот, првенствено таму каде што има присуство на САД.












