Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија, соопшти Белата куќа.
Овој потег уследи по одлуката на Трамп во мај да ги укине мерките, кога рече дека сака „да ѝ помогне на Сирија да се обнови по нејзината разорна граѓанска војна“, објави Ројтерс.
Извршната наредба на американскиот претседател, која тој ќе ја потпише вечерва, ги задржува санкциите против поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, неговите помошници и иранските сојузници.
Администрацијата на Трамп, исто така, наводно води „прелиминарни разговори“ со Израел и Сирија за потенцијален безбедносен договор меѓу двете земји. „Аксиос“ цитираше израелски функционер кој изјави дека „договорот со Сирија не е на повидок“ и дека ќе биде потребно време за да се постигне значаен напредок.