Трамп: Важниот состанок со Кина помина исклучително добро

21
EPA/BONNIE CASH / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека вчерашните трговски разговори со Кина во Мадрид биле многу успешни и наскоро најави договор.

„Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина многу добро. Наскоро ќе заврши. Постигнат е договор за одредена компанија што младите луѓе од нашата земја сакаа да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни. Ќе разговарам со претседателот Си во петок. Односот останува многу силен“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, денес изјави дека е постигнат прелиминарен договор за „ТикТок“ во трговските разговори со Кина, а се очекува Трамп и Си да го потврдат во петок.

Во неделата во Мадрид, Бесант и трговскиот претставник Џејмисон Грир се сретнаа со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг и главниот трговски преговарач Ли Ченганг.

Ова беше четвртиот ваков состанок во последните месеци, по претходните рунди во Женева, Лондон и Стокхолм.

ИЗДВОЕНИ