Тифани Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, стана мајка, а среќната вест ја објави на социјалните мрежи, каде што го откри и името на детето што го доби со нејзиниот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и Мајкл добија син по име Александар Трамп Булос, а новата мајка ја објави првата фотографија од детето на Инстаграм.
„Добредојде на светот, наше слатко момче, Александар Трамп Булс. Зборовите не можат да ја опишат нашата љубов! Ти благодариме што дојде во нашите животи…“ напиша Тифани.
Како што објави „Пејџ Сикс“, ова е 11-то внуче на американскиот претседател Доналд Трамп.
View this post on Instagram