четврток, јануари 22, 2026
Дома СВЕТ Трамп со Зеленски во Давос: Војната мора да заврши

Трамп со Зеленски во Давос: Војната мора да заврши

25
EPA/GIAN EHRENZELLER

Доналд Трамп, претседателот на САД, денеска изјави дека разговорот со Володимир Зеленски, украинскиот претседател, бил многу добар, дека тоа е тековен процес, дека сите сакаат војната да заврши.

Тој им рече на новинарите во Давос, по состанокот, а на прашањето дали има можност да се постигне договор денес, рече дека ќе видиме што ќе се случи, пренесува Скај њуз.

„Се среќаваме со Русија, тоа ќе се одржи утре, а ќе се сретнеме и со Путин. Имав многу добар состанок со претседателот Зеленски, сите сакаат војната да заврши“, рече тој.

Според него, сè уште има многу што да се направи за да се заврши војната.

„Војната мора да престане. Се надеваме дека ќе престане. Многу луѓе се убиени“, рече Трамп, кој одби да ги открие сите детали од разговорот, пренесе Танјуг.

Тој додаде и дека не разговарал со Зеленски за приклучувањето на Украина кон „Одборот за мир“.

ИЗДВОЕНИ