Соединетите Американски Држави поставија рок од четири месеци за Русија и Украина да постигнат напредок кон завршување на конфликтот, а рокот е јуни 2026 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за АП њуз.
Според него, Вашингтон очекува конкретни резултати во тој период, а во спротивно е подготвен дополнително да го зголеми притисокот врз двете страни во конфликтот.
Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави јасно ставиле до знаење дека, доколку нема видлив напредок кон политичко решение во наредните месеци, ќе разгледаат нови мерки за забрзување на процесот на завршување на војната.
Американската страна, како што истакна, верува дека наредниот период е клучен за проценка на подготвеноста на Москва и Киев да влезат во посериозна фаза на преговори, додека недостатокот на напредок би можел да доведе до понатамошно ескалирање на дипломатскиот и политичкиот притисок.
Изјавата доаѓа во време на засилени меѓународни напори за наоѓање рамка за смирување.












