Трамп шокиран по последниот крвав руски напад на Украина: „На Путин нешто му се случило, целосно полуде“!

42

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.

„Не знам што му е. Што му се случи? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, им рече Трамп на новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон.

Трамп ги даде овие забелешки како одговор на руските воздушни напади врз украинските градови во текот на ноќта во неделата, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Некое време подоцна, Трамп го даде истиот коментар на својата социјална мрежа.

„Отсекогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој полуде целосно!“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми доцна вечерта на 25 мај.

„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој е целосно луд! Убива многу луѓе непотребно, а не зборувам само за војници. Ракети и беспилотни летала се испукуваат врз градовите во Украина без очигледна причина. Секогаш велев дека тој ја сака цела Украина, а не само дел од неа, и можеби сум во право, но ако се обиде да го стори тоа, тоа ќе доведе до колапс на Русија!“ напиша Трамп.

„Исто така, претседателот Зеленски не ѝ прави никаква услуга на својата земја со начинот на кој зборува. Сè што излегува од неговата уста предизвикува проблеми, не ми се допаѓа и подобро да престане. Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Ова е војна меѓу Зеленски, Путин и Бајден, а не „Трампова“. Јас само помагам да се изгаснат големи и грди пожари што беа предизвикани од голема некомпетентност и омраза,“ додаде Трамп.

ИЗДВОЕНИ