недела, октомври 26, 2025
Дома СВЕТ Трамп сериозно ѝ се закани на една европска држава – предложи да...

Трамп сериозно ѝ се закани на една европска држава – предложи да ја исфрлат од НАТО

308
epa12468173 US President Donald Trump during a meeting with Australian Prime Minister Anthony Albanese in the Cabinet Room at the White House in Washington, DC, USA, 20 October 2025. EPA/YURI GRIPAS / POOL
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Шпанија да биде исфрлена од НАТО сојузот бидејќи наводно не издвојува доволно за одбрана, што Мадрид веднаш демантираше.
Високи претставници на НАТО од шпанската влада не покажуваат загриженост поради заканата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја казни Шпанија поради како што тврди, нејзиното недоволно вложување во одбраната.
– Заканата не се сфаќа сериозно на воено ниво. Шпанците реагираат смирено, изјави висок офицер на НАТО од Врховната команда на сојузничките сили во Европа во Брисел. Офицерот зборувал под услов за анонимност во внатрешните струи на сојузот, пишува „Политико“.
Оваа реакција доаѓа во момент кога реториката на Трамп кон европските сојузници станува се поостран, со критики на сметка на Шпанија поради ниските издвојувања за одбраната и повиците дека Европа малку се потпира на воената заштита на САД.

„Ќе морате да разговарате со Шпанја. Шпанија не е тимски играч“, му рече Трамп на генералниот секретар на НАТО Марко Руте во средата.

Американскиот претседател настојува членките на НАТО да ги зголемат издвојувањето за одбрана на најмалку 5 отсто од БДП.

На самитот на НАТО во Хаг во јуни, повеќето членки се согласија на целта од 5 отсто БДП до 2035 година.

Меѓутоа, Шпанија е единствената земја која бараше да биде изземена, затоа што во моментот троши само 1,3 отсто од својот БДМ на одбраната, што е најмалку од сите земји члеки на НАТО.

Međutim, Španija je jedina tražila izuzeće, budući da trenutno troši samo 1,3% svog BDP-a na odbranu, što je najmanje od svih zemalja članica NATO.

ИЗДВОЕНИ