среда, февруари 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп се закани со царини од 200 отсто

Трамп се закани со царини од 200 отсто

742
EPA-EFE/ALLISON ROBBERT

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот за американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски за да се одмаздат на царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила во средата.

ИЗДВОЕНИ