Трамп ѝ се закани на наследничката на Мадуро: „Ќе плати многу висока цена“

163
EPA/RAYNER PENA R

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди венецуелската потпретседателка и вршител на должноста претседател Делси Родригез да не им се спротивставува на САД.

„Ако таа не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повеќе од Мадуро“, изјави вчера американскиот претседател за „Атлантик“ во телефонско интервју.

Трамп додаде дека Венецуела можеби не е последната земја во која САД би можеле да интервенираат.

„Апсолутно ни е потребен Гренланд“, рече тој, истакнувајќи дека островот е „опкружен со руски и кинески бродови“.

Инаку, венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопез изјави дека војската ѝ дала поддршка на потпретседателката Делси Родригез да дејствува како привремен претседател на Венецуела.

Тој повика на „итно враќање“ на соборениот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга откако беа заробени од САД.

„Бараме враќање на Мадуро и првата дама. Ова е чин на агресија против легитимниот претседател на Венецуела и првата дама“, рече Лопез на прес-конференција.

„Бараме нејзино враќање и враќање на нашиот врховен командант, претседателот, и го привлекуваме вниманието кон сè што се случува во Венецуела против нејзиниот суверенитет“, истакна тој.

ИЗДВОЕНИ