Трамп се закани дека ќе интервенира во Иран ако продолжат властите да убиваат демонстранти

19

Американскиот претседател, Доналд Трамп, упати остро предупредување до иранските власти да не применуваат смртоносна сила врз мирните демонстранти, нагласувајќи дека Вашингтон е подготвен да интервенира.

На оваа порака реагираше Али Лариџани, висок советник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој го предупреди Трамп да биде внимателен, бидејќи секое американско мешање би значело дестабилизација на целиот регион и уништување на американските интереси.

Протестите во Иран што почнаа минатата недела поради високите цени, падот на вредноста на домашната валута, недостигот на вода, правата на жените, ескалираа и се проширија во повеќе градови. Демонстрантите сега бараат крај на владеењето на Хамнеи, а во судирите со безбедносните сили во четвртокот, според извештаите, загинале најмалку шест лица. Ова се најмасовните протести во земјата по востанието во 2022 година, кое беше предизвикано од смртта на младата Махса Амини во полициски притвор.

 

ИЗДВОЕНИ