Трамп се пофали: Пристигна „златната картичка“, пат до државјанство за доларските милионери

34
EPA/Aaron Schwartz / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го објави почетокот на нова, ексклузивна програма за имиграција која нуди директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица преку таканаречената „златна картичка“.

„Трамповата златна картичка на Владата на Соединетите Американски Држави пристигна денес. Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. Навистина возбудливо. Нашите одлични американски компании конечно можат да го задржат својот непроценлив талент. Веб-страницата ќе биде отворена за 30 минути, Trumpcard.gov“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Со такса за апликација и проверка од 15.000 долари за Министерството за внатрешна безбедност (DHS) и уплата од 1 милион долари, можете да го добиете правото на престој во Соединетите Американски Држави за рекордно време преку програмата „Златна картичка Трамп“, според официјалната веб-страница, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ