Трамп се откажа од напад врз Иран, вели дека добил уверение дека убивањето демонстранти престанало

25

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа, барем привремено, од заканите за напад врз Иран, велејќи дека е уверен дека убивањето демонстранти е запрено и дека не се планираат егзекуции.

„Ни кажаа дека убивањето во Иран запира. И нема план за егзекуција, тоа ми е кажано од сигурни извори“, рече Трамп во разговор со новинарите во Белата куќа во средата вечерта.

Тој не понуди детали и рече дека САД сè уште не ги потврдиле тие тврдења.

Трамп во последните денови постојано зборуваше за тоа дека ќе им помогне на иранскиот народ, велејќи дека САД се „подготвени“ ако Иран почне да пука врз демонстрантите.

Но, и покрај извештаите дека дури 3.428 Иранци се убиени и дека егзекуциите како казна се неизбежни, Трамп не даде никаква најава за воена акција. Се смета дека ги разгледал сите опции за напад врз Иран, но не бил убеден дека која било поединечна акција ќе доведе до решителна промена, пишува Гардијан.

ИЗДВОЕНИ