Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social откако рускиот лидер Владимир Путин предложи отворање директни преговори меѓу Украина и Русија.
Трамп рече дека тоа е „секако голем ден за Русија и Украина“, пишува Кликс.
„Замислете стотици илјади животи кои ќе бидат спасени ако конечно заврши оваа бескрајна „крвна гозба“. Тоа ќе биде сосема нов, и многу подобар свет“, е пораката на американскиот претседател.
Тој додаде дека „доаѓа голема недела“ и дека ќе „работи на двете страни“ за да се стави крај на војната.
Потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин во доцна вечерното обраќање на руската телевизија предложи отворање директни преговори меѓу Русија и Украина.
Тој дури предложи тоа да биде веќе на 15 мај во Истанбул, а неговите пораки дојдоа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со неколку други европски лидери, предложија 30-дневен прекин на огнот.