петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Трамп се брани: Не заспав на состанокот, само ги затворив очите –...

Трамп се брани: Не заспав на состанокот, само ги затворив очите – ми беше досадно/ФОТО

66

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, призна дека ги затворил очите за време на последниот состанок на кабинетот бидејќи, како што рече, му било „доста здодевно“.

Трамп објасни дека не сакал сите членови на кабинетот да зборуваат, со оглед на тоа што претходниот состанок траел три часа.

После тоа, имаше коментари дека ги затворил очите за време на разговорот.

„Видете, стана доста здодевно. Беше здодевно, но не спиев. Само ги затворив очите и сакав да заврши тоа и да си одам оттаму што е можно поскоро“, рече Трамп низ смеа.

Американскиот претседател додаде дека, во случај навистина да заспиел, ќе го разбуделе државниот секретар Марко Рубио и американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

ИЗДВОЕНИ