Трамп разрешува 30 амбасадори, меѓу нив и Анџела Агелер

177

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отповикува 30 дипломати од амбасадорски и други амбасадски позиции, а меѓунив е и амбасадорката во Македонија Анџела Агелер. Овој потег доаѓа како дел од напорите за преобликување на американските дипломатски мисии и назначување персонал кој се смета за поподдржувачки на приоритетите на Трамп „Америка на прво место“.

Шефовите на мисии во најмалку 29 земји беа известени минатата недела дека нивните позиции ќе завршат во јануари, изјавија двајца претставници на Стејт департментот под услов на анонимност. Оние кои се погодени од промените нема да ги изгубат своите работни места во надворешната служба и ќе се вратат во Вашингтон за други задачи доколку одлучат да ги преземат, рекоа претставниците.

Сите повлечени амбасадори ја презедоа функцијата за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, но останаа на своите позиции по почетното отстранување на почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, која беше насочена претежно кон политички назначени лица. Тоа се промени минатата среда кога почнаа да добиваат известувања од Вашингтон дека треба да заминат.

Стејт департментот не коментираше за конкретниот број на персонал или амбасадори кои се засегнати, но рече дека тоа е стандарден процес во секоја администрација. Во соопштението се вели дека амбасадорот е „личен претставник на претседателот и дека е право на претседателот да обезбеди дека има поединци во овие земји кои ја промовираат неговата агенда „Америка на прво место“.

Најтешко погодена од промените беше Африка, каде се повлечени амбасадорите од 13 земји – Бурунди, Камерун, Зелен ’Рт, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.

Во Азија амбасадорски промени има во шест земји – Фиџи, Лаос, Маршалски Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам.

Во Европа, се повлекуваат амбасадорите во Македонија, Ерменија, Црна Гора и Словачка.

На Блискиот Исток во две земји – Алжир и Египет, како и во Јужна и Централна Азија – во Непал и Шри Ланка) и на Западната хемисфера – во Гватемала и Суринам.

ИЗДВОЕНИ