Трамп разочаран од Путин: Ќе му го скратам рокот од 50 дена за договор за Украина

55

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и дека ќе го скрати рокот од 50 дена што му го даде на Путин за постигнување договор за прекин на огнот во Украина.

„Разочаран сум од Путин. Ќе го скратам рокот од 50 дена за постигнување договор за Украина. Ќе му дадам помал број“, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, објави Ројтерс. Агенцијата наведува дека Трамп, сепак, не кажал кој ќе биде новиот рок.

На 14 јули, за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, американскиот претседател изјави дека САД ќе воведат 100-процентни царини за Русија доколку не се постигне договор за прекин на огнот во војната во Украина во рок од 50 дена.

„Ќе воведеме многу силни царини ако не постигнеме договор во рок од 50 дена. Царините од околу 100 проценти би се нарекле секундарни царини“, рече Трамп, наведувајќи дека царините ќе бидат воведени без согласност на Претставничкиот дом или Сенатот на САД.

Секундарните тарифи имплицираат дека санкциите би важеле и за други земји, имено за земјите што купуваат руска нафта.

ИЗДВОЕНИ