Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денес изјави дека размената на затвореници меѓу милитантната група Хамас и Израел ќе се одржи во понеделник или вторник, додавајќи дека војната во Газа е завршена и дека е постигнат траен мир.
„Ја завршивме војната и на многу поголема основа воспоставивме мир и мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир“, рече Трамп, објави „Ал Џезира“.
Во исто време, Трамп им се заблагодари на Катар, Египет и Турција за нивното посредништво и учество во мировните преговори и најави обнова на Газа.
„Мислам дека ќе видите некои огромни земји како се вклучуваат и вложуваат многу пари“, рече Трамп. Американскиот претседател, рече тој, ќе „вложи напор“ да отпатува на Блискиот Исток, а церемонијата на потпишување ќе се одржи во Египет.
Израел и палестинската милитантна група Хамас денес потпишаа договор за прекин на огнот и ги ослободија израелските заложници во замена за палестински затвореници, како дел од првата фаза од мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа, пренесува „Танјуг“.