Трамп распали со псовки: Не сум задоволен од Израел/ВИДЕО

560

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на извештаите дека Израел и Иран го прекршиле прекинот на огнот на Блискиот Исток, велејќи дека обете страни се виновни, но е особено лут на Израел за тоа што испали голем број ракети веднаш по договорот за прекин на огнот.

Трамп верува дека реакцијата на Израел била прекумерна, особено поради една ракета што можеби не била испукана намерно.

„Израел, веднаш откако го склучивме примирјето, испука толку многу ракети, никогаш порано не сум видел такво нешто. Не сум задоволен од Израел. Кога велам: „Добро, имате 12 часа“, тогаш не одите во првиот час и не фрлате сè што имате кон нив“, рече Трамп.

Тој исто така рече дека нуклеарните капацитети на Иран сега се уништени и дека Иран повеќе нема да може да ја обнови својата нуклеарна програма.

„Знаете, имаме две земји кои се борат толку долго и толку силно што повеќе еб.но не знаат што прават“, рече Трамп пред да се качи во хеликоптерот.

ИЗДВОЕНИ