Трамп: Путин не сфаќа дека ако не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија – тој си игра со оган

2078

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека со интензивирањето на нападот во Украина „си игра со оган“.

„Она што Владимир Путин не го сфаќа е, дека да не бев јас, многу навистина лоши работи ќе ѝ се случеа на Русија, и мислам навистина лиши. Тој си игра со оган“, рече Трамп во објава на социјланата мрежа „Трут соушал“.

Трамп претходно рече дека размислува за воведување санкции против Русија неделава, или за повлекување на преговорите за прекин на огнот во Украина, бидејќи се повеќе е фрустриран од нападите на Украина и бавното темпо на мировните преговори, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот оцени дека Трамп верувал дека го познава Путин и дека рускиот лидер ќе ја прекине војната како лична услуга кон него, но дека одлуката на Путин да не попуши го влошил ставот на Трамп за претседателот на Русија, особено по телефонскиот разговор минатата недела во кој Путин одби да го потпише договорот за прекин на огнот.

По руското интензивирање на нападите со дронови на Украина, вклучително со ударите на Киев, Трамп остро го критикуваше Путин.

„Секогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случило. Тој целосно полудел“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.

 

ИЗДВОЕНИ