Ќе им испратиме Патриоти, кои им се очајно потребни. Сè уште не се согласивме за бројот, но ќе ги имаат. Но, Европската Унија плаќа за тоа. Ние не плаќаме за ништо. Ова ќе биде бизнис за нас, им рече Трамп на новинарите во воената база Ендрус. „Ова е шоуто на Трамп. Тој контролира сè, ја менува насоката кога сака, па одеднаш може да одлучи да тргне по сосема поинаков пат кога станува збор за кој било предизвик“, коментира дописникот на американскиот „Скај њуз“, Марк Стоун.
Украина ќе добие многу софистцирана воена опрема од САД, но тоа нема да биде подарок, туку бизнис зделка, најави во неделата американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Политико“.
-Ќе им испратиме Патриоти, кои им се очајно потребни. Сè уште не се согласивме за бројот, но ќе ги имаат. Но, Европската Унија плаќа за тоа. Ние не плаќаме за ништо. Ова ќе биде бизнис за нас, им рече Трамп на новинарите во воената база Ендрус.
Германија порача дека од Соединетите Американски Држави доаѓаат „многу позитивни сигнали“ во врска со продажбата на противвоздушните системи „Патриот“ на Украина.
-Во моментов се водат дискусии за модалитетите на имплементација, односно за тоа колку системи ќе бидат испорачани, кој ќе ги преземе и како ќе бидат финансирани, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
Веста за американската помош во „многу софистицирана опрема“ Киев ја дочека со претпазливо олеснување, зашто се потврдува продолжување на американската воена пмош, но со дополнителна неозвесност околу нејзиниот опсег и траење.
Воздржаност за оваа најава на Трамп изрази гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој на денешната редовна конференција за новинари се воздржа од директна критика на Вашингтон.
-Искажани се многу зборови за тоа колку е скапо тоа и слично. Сега изгледа дека европските земји ќе ги плаќаат тие испораки. Нешто ќе платат, нешто нема. Но останува фактот дека испораките на оружје, муниција и воена опрема од САД за Украина продолжува, рече Песков.
Трамп во четвртокот за „НБЦ Њуз“ изјави дека можеби ќе даде голема изјава за Русија, па се очекува дека, ако ја даде, ќе се однесува токму на испораката на оружје. Тој денеска треба да се сретне со генералниот сектретар на НАТО, Марк Руте, а „Аксиос“ објави дека се очекува претседателот да објави планови што вклучуваат обезбедување офанзивно оружје за Украина што може да напаѓа длабоко во Русија. Исто така, германскиот социјалдемократ Борис Писториус треба да одржи состанок со американскиот минстер за одбрана Пит Хегсет, за време на кој се очекува да го преиспита својот предлог Берлин да купи два дополнителни системи „Патриот“ за Украина.
Во шпекулациите за тоа што може да биде „големата изјава на Русија“ што ја најавува Трамп се и санкции за Русија. Низ Конгресот се турка закон со кој се предвидуваат 500 проценти царина за земјите кои купуваат руски енергенси и метали, како и за земјите кои го помагаат руското производство. Оваа мерка најмногу би ги погодила Кина и Индија. Трамп подолго време се спротивставува на донесувањето на овој закон, а сега има сигнали дека ќе го прифати.
-Ова е шоуто на Трамп. Тој контролира сè, ја менува насоката кога сака, па одеднаш може да одлучи да тргне по сосема поинаков пат кога станува збор за кој било предизвик , коментира дописникот на американскиот „Скај њуз“, Марк Стоун.
Како што е познато, во последните недели, Трамп сè повеќе ја покажува својата фрустрација поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да прифати прекин на огнот во Украина, а разочараност од него изрази и вчера.
-Многу сум разочаран од претседателот Путин. Мислев дека е некој што го мисли тоа што го кажува. И тој ќе зборува толку убаво, а потоа ќе бомбардира луѓе ноќе. Нам не ни се допаѓа тоа. Тука има мал проблем, е денешната изјава на Трамп, дадена за „Њуз Нејшн“.
Путин ги зголеми нападите врз Украина во текот на летото, распоредувајќи повеќе од 500 беспилотни летала и ракети речиси секојдневно. Тој, исто така, ги игнорираше повиците на Трамп за прекин на огнот, додека Киев се согласи на прекин на огнот ако Русија престане да ја напаѓа Украина.
Кремљ очекува дијалогот меѓу Русија и САД да продолжи „и покрај огромните напори да се наруши со сите расположиви средства“, изјави вчера Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател Владимир Путин и раководител на рускиот суверен фонд за богатство, кој е вклучен во разговорите со САД. Тој додаде дека сите обиди за притисок врз Русија се осудени на неуспех и дека дијалогот со САД би бил поефикасен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имаше средба со специјалниот претставник на САД, Кит Келог, а како што напиша потоа на мрежата Икс, имале „продуктивен разговор“ за тоа што можат да направат САД и Украина за да го приближат мирот.
-Ова вклучува зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина, заедничко производство и набавка на одбранбено оружје во соработка со Европа. И, секако, санкции против Русија и оние што ѝ помагаат, рече Зеленски.
Тој додаде дека Киев очекува лидерство од САД и нагласи дека „јасно е дека Москва нема да запре ако нејзините неразумни амбиции не бидат ограничени со сила“.