Трамп повторно збесна на новинарка заради прашање: „Ужасна си! Најнапорната во просторијата“/ВИДЕО

109
EPA/YURI GRIPAS / POOL

За време на тркалезната маса за земјоделство во Белата куќа, атмосферата денеска стана напната кога новинарката на ABC News, Рејчел Скот, праша за можното објавување на снимки од воена операција против наводен венецуелски брод за шверц на дрога – инцидент што предизвика многу контроверзии.

Кога беше прашан дали ќе му наложи на секретарот за одбрана да ги објави „целите снимки од нападот“, Трамп остро и ладно одговори: „Никогаш не го кажав тоа. Вие го кажавте тоа, јас не го кажав тоа. Ова се лажни вести на ABC“. Откако новинарката инсистираше на одговор, Трамп го подигна гласот и рече:

„Вие сте најпорната новинарка во целата просторија… Всушност, вие сте ужасна новинарка“.

Тој продолжи да објаснува дека не му е грижа што ќе одлучи секретарот – дури и ако снимките останат тајни, сè додека „нему му е во ред“. Притоа, тој не само што одби да одговори, туку јавно ја понижи новинарката затоа што побарала објаснување.

Во последните недели, претседателот упати насилни и понижувачки коментари кон барем неколку новинарки, што укажува на вознемирувачки тренд.

ИЗДВОЕНИ