Трамп повторно ја крие модринката на раката: Здравствената состојба на претседателот повторно е во центарот на вниманието/ФОТО

66
EPA/AL DRAGO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник повторно покажа темна модринка на задната страна од десната рака за време на потпишувањето на извршна наредба во Овалната соба.

Седејќи на масата, Трамп се обиде да ја скрие модринката држејќи ја левата рака над неа додека разговараше со новинарите. Минатиот викенд беше виден со шминка на раката, наводно за да ја прикрие постојаната модринка. Сепак, за време на прес-конференцијата во понеделник, присутните забележаа изразито темна модринка на неговата рака.

Модринката беше видлива и кога Трамп го прими својот јужнокорејски колега Ли Џе-мјунг во Овалната соба. Црно-сината дамка е најновата во серијата видливи модринки на раката на 79-годишниот претседател, кој се појавува со истата повреда повремено неколку месеци, понекогаш криејќи ја со шминка.

Белата куќа и докторот на Трамп велат дека претседателот е во „одлична здравствена состојба“, а модринката е резултат на честите ракувања и употребата на аспирин.

„Ова е во согласност со блага иритација на меките ткива од честите ракувања, како и употребата на аспирин, што е дел од стандардниот режим за превенција на кардиоваскуларни заболувања“, рече докторот на Трамп, Шон Барбабела. „Тоа е познат и безопасен несакан ефект од терапијата со аспирин“.

Сепак, тој одговор не го задоволи дел од јавноста на социјалните медиуми кои шпекулираа дека Трамп можеби прима медицински третмани преку инфузија или дека прави чести крвни тестови. Трамп неодамна откри дека му е дијагностицирана „хронична венска инсуфициенција“, што значи дека има оток во долните екстремитети бидејќи вените во нозете не ја пумпаат крвта ефикасно назад кон срцето.

Сепак, дијагнозата не изгледа дека е поврзана со модринката на неговата рака.

На прашање на новинарите за слојот шминка врз неговата модринка минатиот викенд, портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, рече дека Трамп се ракува повеќе од кој било претседател.

„Претседателот Трамп е човек од народот, тој се среќава со повеќе Американци секој ден и се ракува со нив повеќе од кој било претседател досега. Неговата посветеност е несомнена и тој ја покажува секој ден.“

Претставникот Рони Џексон, поранешен претседателски лекар од 2013 до 2018 година, рече дека Трамп е „најздравиот претседател што некогаш го имала оваа нација“.

Физичкото и менталното здравје на Трамп се предмет на јавна дебата со години, со шпекулации за болестите на кои можеби бил или не бил изложен. Но, јавната недоверба е поттикната од честото одбивање на претседателот да споделува информации за неговото здравје или погрешно да ги претставува.

Неговиот поранешен лекар рече во 2015 година дека Трамп е „најздравата личност некогаш избрана за претседател“, а истиот лекар подоцна им потврди на новинарите дека Трамп „самиот го диктирал целото тоа писмо“.

 

 

ИЗДВОЕНИ