Доналд Трамп денеска подложел на магнетна резонанца (МРИ), за време на неговата последна посета на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“.
„Да, направив магнетна резонанца. Резултатите беа совршени“, им рече Трамп на новинарите на летот за Токио, но одби да ја открие причината за прегледот, велејќи дека треба да „проверат кај своите лекари“, објави Ројтерс.
Личниот лекар на Трамп, Шон Барбела, во соопштението изјави дека претседателот „останува во одлична здравствена состојба, со силни кардиоваскуларни, пулмонални, невролошки и физички способности“.
Скенирањето, рече тој, било дел од подготовките за претстојните патувања на Трамп и вклучувало напредно снимање, лабораториски тестови и превентивни здравствени проценки.
Белата куќа во јули соопшти дека Трамп имал отечени глуждови и модринки на десната рака, откако фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка размачкана по повредениот дел од раката.
Во извештајот од тоа време, д-р Барбела рече дека тестовите потврдиле „хронична венска инсуфициенција“, честа и бенигна состојба кај луѓе над 70 години.
Тој додаде дека модринките на неговата рака се во согласност со „блага иритација на меките ткива“ предизвикана од чести ракувања и употреба на аспирин, кој Трамп го зема како дел од неговиот „стандарден кардиоваскуларен превентивен режим“.
По освојувањето на вториот мандат како претседател, Трамп стана најстариот инаугуриран претседател во историјата на САД.
Порано овој месец, лекарот на претседателот изјави дека медицинската проценка утврдила дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Трамп пристигна во Токио од Куала Лумпур во вторник на официјална посета на Јапонија како дел од неговата азиска турнеја.
🚨HOLY SHIT! Trump was caught on a mic admitting he recently got an MRI at Walter Reed – something his team claimed was just a “routine physical.”
MRIs are NOT part of standard checkups. Something serious warranted it. What aren’t they telling us? pic.twitter.com/YuG9ZXQ5mW
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) October 27, 2025












