Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес потврди дека неговите сојузници на Блискиот Исток се подготвени да испратат војници во Појасот Газа на негово барање ако палестинското движење Хамас не престане да го крши договорот за прекин на огнот со Израел, пренесе „Бета“.
„Многу од нашите сега главни сојузници на Блискиот Исток и околните области јасно и силно ставија до знаење дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат во Газа со сила и да го корегираат Хамас ако продолжи да се однесува лошо кршејќи го нивниот договор со нас“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа, Truth Social.
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес пристигна во Израел за да го зацврсти договорот за прекин на огнот што треба да стави крај на војната во Појасот Газа, која трае од октомври 2023 година.
Се очекува Венс да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета, која ќе трае до четврток.