Трамп потврди: САД и Велика Британија постигнаа договор за царините

130

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на социјалната мрежа Truth Social дека САД и Обединетото Кралство постигнале трговски договор.

„Договорот со Обединетото Кралство е целосен и сеопфатен и ќе ги зајакне односите меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство во наредните години. Поради нашата долга историја и сојуз, голема чест е што Обединетото Кралство е НАШАТА ПРВА објава. Наскоро ќе следат многу други договори, кои се во сериозна фаза на преговори!“ напиша тој.

Само неколку минути подоцна, американскиот претседател повторно се јави на Truth Social и рече дека „златното доба на Америка доаѓа“.


„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Трамп денес ќе објави дека САД се согласиле на трговски договор со Обединетото Кралство, што им го потврдија три извори запознаени со плановите. Извори за Би-Би-Си и Скај њуз го потврдија истото.

ИЗДВОЕНИ