Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во американската држава Алјаска следниот петок.
„Долгоочекуваната средба меѓу мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи следниот петок, 15 август 2025 година, во Големата држава Алјаска. Повеќе детали ќе бидат објавени. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Тоа ќе биде прва средба меѓу претседателите на САД и Русија од 2021 година, кога поранешниот американски претседател Џо Бајден се сретна со Путин во Женева.