Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша денеска ивршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 отсто за увоз од Бразил, со што вкупните царини достигнуваат 50 отсто, соопштија од Белата куќа.
Трамп пред три недели најави дека неговата администрација ќе наметне царина од 50 отсто на бразилските производи кои се извезуваат во Соединетите американски држави, почнувајќи од 1 август.
Новите мерки, како што порача тогаш, се условени со постапувањето на бразилските власти кон поранешниот претседател Жаиро Болсонаро, кому му се суди поради наводно учество во планирањето државен удар со цел да се спречи претседателот Луси Инасио да Силва да ја преземе должноста.
Трамп исто така денеска изјави дека разговорите за постигнување трговски договор со Кина напредуваат.
„Мислам дека ќе излезе добро. Одржуваме темпо, и верувам дека ќе имаме фер договор со Кина“, рече Трамп, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Во истата пригода, американскиот претседател потпиша и наредба за воведување царини од 50 отсто на увозот на полуобработени производи од бакар, пренесува „РТ Балкан“: