Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша пакет закони за финансирање на федералната влада, со што се завршува краткорочниот прекин на работата на владата што трае од саботата, објави „Ен-би-си“.
Претходно, Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше со двопартиско гласање за одобрување на пакетот закони за финансирање на владата, со 217 гласови „за“ и 214 гласови „против“.
Предложениот пакет обезбедува финансирање за федералната влада до крајот на септември, со исклучок на Министерството за внатрешна безбедност (DHS), чие финансирање е продолжено за две недели додека не се постигне договор за реформите што ги бараат демократите, особено во врска со агенциите за царинска и гранична заштита, објавува „Танјуг“.
По процедуралното гласање, Конгресот сега има 10 дена да постигне поширок договор за финансирањето на DHS, при што новото времетраење на сегашното финансирање истекува на 13 февруари.












