Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека ќе го номинира Волц за амбасадор во Обединетите нации, додавајќи дека тој „работел напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место“.
Претходно истиот ден, извори изјавија дека Трамп одлучил да го отстрани Волц од неговата позиција во Белата куќа.
Изборот на Рубио од страна на Трамп за замена на Волц е привремен и ќе биде прв пат од времето на Хенри Кисинџер во 1970-тите, едно лице да ги извршува функциите државен секретар и советник за национална безбедност.
Белата куќа ја напушта и заменикот на Волц, Алекс Вонг, експерт за Азија, кој беше задолжен за Северна Кореја за време на првиот мандат на Трамп, изјавија две лица запознаени со ситуацијата.
Волц, 51-годишен републикански претставник од Флорида, се соочи со критики откако случајно додал новинар во групата „Сигнал“ каде што претставници на Трамп дискутирале за бомбардирањето на Јемен.
Советникот за национална безбедност е моќна улога која не бара потврда од Сенатот.