вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Трамп поднесе тужба против Би-би-си. Бара отштета од пет милијарди долари

Трамп поднесе тужба против Би-би-си. Бара отштета од пет милијарди долари

23
epa12303737 US President Donald Trump looks towards Russian President Vladimir Putin during a joint news conference following their meeting at Joint Base Elmendorf-Richardson in Anchorage, Alaska, USA, 15 August 2025. EPA/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна 5 милијарди долари против „Би-би-си“, обвинувајќи го британскиот јавен сервис за манипулирање со неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарната емисија „Панорама“.

Во судските документи поднесени на Флорида, Трамп го обвинува „Би-би-си“ за клевета и за кршење на законите за трговска практика. Адвокатите на Трамп тврдат дека неговиот говор бил монтиран „намерно, злонамерно и измамнички“, за да се создаде впечаток дека тој директно повикал на насилство пред Капитол откако изгуби на изборите. „Би-би-си“ минатиот месец се извини за начинот на кој бил прикажан говорот, но одби да исплати отштета, наведувајќи дека не постои никаква „правна основа за тужба поради клевета“.

Во оригиналниот говор, одржан непосредно пред немирите пред  Капитол, Трамп изјави: „Ќе одиме до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори и конгресмени.“ Подоцна, во истиот говор додал: „И ќе се бориме. Ќе се бориме до крај.“ Во емисијата „Панорама“, овие изјави биле споени така што звучело како Трамп да рекол: „Ќе одиме до Капитол… и ќе бидам таму со вас. И ќе се бориме до крај.“

Документарецот беше емитуван во Обединетото Кралство непосредно пред американските претседателски избори во 2024 година, па „Би-би-си“ истакнува дека не го емитувале во САД и дека немале права за негова дистрибуција таму. Сепак, во тужбата се наведува дека постои голема веројатност граѓани на Флорида да имале пристап до емисијата преку ВПН или преку стриминг-платформата „Бритбокс“.

ИЗДВОЕНИ