„Трамп подготви опции“: Ултиматумот до Путин истече, што ќе прави ЕУ сега?

30

Европските лидери се подготвени да почекаат можна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин во Турција пред да извршат притисок врз САД да воведат нови санкции врз Москва, соопштија информирани извори, пренесува Index.hr.

По разговорите меѓу американските и европските претставници во понеделникот, беше јасно дека американската страна сака да го олесни состанокот меѓу Русија и Украина, закажан за четврток, пред да го зголеми притисокот врз Путин, според луѓе запознаени со дискусиите, кои побараа анонимност.

Доколку Путин одбие да се сретне со Зеленски или ако Русија не се согласи на итен и безусловно прекин на огнот во четврток, европските лидери се подготвени да го повикаат претседателот Доналд Трамп да ја оствари својата претходна закана и да воведе санкции врз Москва, додадоа изворите.

„Трамп веќе има опции“

Администрацијата на претседателот Трамп веќе подготви опции кои, доколку одлучи, би можеле да го зголемат економскиот притисок врз Русија, објави претходно „Блумберг“.

„Соединетите Американски Држави и нивните партнери ќе воведат дополнителни санкции доколку не се почитува прекинот на огнот“, напиша Трампна 8 мај на социјалните мрежи.

Во последните 48 часа, остана нејасно кои се следните чекори на американската политика кон Русија.

Во саботата, лидерите на Велика Британија, Франција и Германија сметаа дека постигнале договор со Трамп – според неговата објава на социјалните мрежи – за поддршка на план за 30-дневен прекин на огнот што почнува од понеделник, придружен со координирани санкции од САД и Европа доколку Русија продолжи со нападите врз Украина.

Но, Трамп одби јавно да ја поддржи таа временска рамка и наместо тоа го покани Зеленски да се сретне со Путин во Турција оваа недела – потег што европските лидери не го очекуваа, но кој Зеленски сепак го прифати.

ИЗДВОЕНИ