Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската Унија да воведе царини од 100 проценти за Кина и за Русија како дел од напорите да се притисне Владимир Путин да ја заврши војната во Украина. Според „Фајненшал тајмс“, овој предлог првпат бил изложен на средба на американски и европски функционери во вторникот.
Ова е последниот предлог на Трамп, кој, како што извести „Би-би-си“ најавил дека повторно ќе разговара со Путин оваа недела или на почетокот на следната.
По рускиот напад врз Киев викендов, кога за првпат беше погодена зградата на украинската влада, Трамп кажа дека не е среќен со ситуацијата и дека се подгптвува за втора фаза од санкциите за Русија. Тој и порано се закануваше со построги мерки, но не презеде ништо, иако Путин ги игнорираше неговите крајни рокови.