Трамп по двочасовниот разговор со Путин: Русија и Украина веднаш ќе започнат разговори за крај на војната

49

„Тукушто го завршив двочасовниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина веднаш ќе започнат разговори за прекин на огнот, и што е поважно, за КРАЈ на војната. Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни, бидејќи тоа е единствениот начин на кој може да се направи – тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не може. Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не ги беа, ќе го кажев тоа веднаш, а не подоцна, пренесува Би-би-си.

Русија сака обемна трговија со Соединетите Држави кога ќе заврши ова катастрофално „крвопролевање“ и се согласувам со тоа. Постои огромна можност Русија да создаде огромни работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е неограничен. Исто така, Украина може да биде голем победник во трговијата, бидејќи ја обновува својата земја.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш. Ги информирав претседателот Володимир Зеленски од Украина, Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стаб за ова – сите тие разговараа со мене веднаш по мојот разговор со претседателот Путин.

Ватикан, претставен од Папата, изрази голем интерес да биде домаќин на разговорите. Нека започне процесот!“, напиша Трамп на Trurh Social.

ИЗДВОЕНИ