Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин или оваа недела или почетокот на следната недела.
„Да, тоа ќе се случи“, им рече тој вчера на новинарите, осврнувајќи се на можен телефонски разговор со рускиот лидер, додавајќи дека тоа може да се случи „оваа недела или почетокот на следната недела“, објави Би-Би-Си.
Трамп, исто така, рече дека е посветен на решавање на конфликтот во Украина.
Главната зграда на украинската влада во Киев беше погодена од руска ракета во текот на викендот, за време на кој руските сили извршија најсилни воздушни напади врз Украина од почетокот на војната.
Украина соопшти дека руските сили користеле најмалку 810 беспилотни летала и 13 ракети.
Во разговор со новинарите по бомбардирањето за време на викендот, Трамп рече дека „не е задоволен од целата ситуација“ и се закани со построги санкции врз Кремљ, објави Би-Би-Си.
Претседателите на Русија и САД се состанаа на 15 август во воена база во Алјаска, и како што објавија по разговорите, решавањето на украинскиот конфликт беше главна тема на самитот, пренесува Танјуг.
Војната во Украина и над небото на Полска: „Соборени руски борбени беспилотни летала“