понеделник, февруари 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп планира да инвестира три милијарди долари во криптовалути?

Трамп планира да инвестира три милијарди долари во криптовалути?

256
pexels

Компанијата за социјални медиуми на американскиот претседател, Trump Media and Technology Group, планира да собере околу 3 милијарди долари и да ги инвестира во криптовалути како што е биткоинот, објави Financial Times, повикувајќи се на извори.

Компанијата која управува со платформата за стриминг и социјалните медиуми „Truth social“ има за цел да собере околу 2 милијарди долари свеж капитал и уште една милијарда преку конвертибилни обврзници, се вели во извештајот.

Условите, времето и обемот на зголемување на капиталот на компанијата сепак би можеле да се променат, пишува „Фајненшл тајмс“.

Компанијата на Доналд Трамп се уште не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар.

ИЗДВОЕНИ