Трамп планира да го преименува Персискиот Залив во Арапски Залив

27
EPA-EFE/Mohammed Badra

Претседателот на САД, Доналд Трамп планира да објави за време на неговата посета на Саудиска Арабија следната недела дека САД ќе го нарекуваат Персискиот Залив Арапски Залив. Ова го соопштија американски официјални лица.

Персискиот Залив е познат под тоа име уште од 16 век, но употребата на името „Арапски Залив“ е доминантна во многу држави од Блискиот Исток. Арапските земји инсистираа на промена на географското име на Заливот, а Иран инсистира на старото име за Заливот.

На Google Maps во САД, таа водна површина се нарекува Персиски Залив (Арапски Залив). Apple Maps го наведува само името Персиски Залив. Американската војска го нарекува Персискиот Залив само Арапски Залив.

Името на заливот е емотивно прашање за Иранците кои се горди на долгата историја на Персиската империја. Спорот се појави во 2017 година за време на првиот мандат на Трамп кога тој го употреби името Арапски Залив. Тогашниот ирански претседател Хасан Рохани му предложи на Трамп „да научи географија“.

Инаку, Трамп предизвикува контроверзии со идеите за спојување на Канада и Гренланд со САД.

ИЗДВОЕНИ