Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на претстојниот самит во Алјаска би можело да ги загрози преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со содржината на разговорот меѓу Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Според „ВСЏ“, европските претставници првично инсистирале на состанокот во Алјаска да присуствува директен претставник на Европа или генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и Зеленски.
Сепак, тоа барање беше повлечено по разговорите меѓу Мерц и Трамп, иако европските лидери јавно го охрабрија Зеленски да учествува во какви било преговори со Путин.
Изворот на весникот тврди дека Трамп верувал дека присуството на Зеленски би можело да ги загрози преговорите уште од самиот почеток. Германските организатори на состанокот изјавија дека Трамп се согласил прво да го информира Зеленски по разговорот со Путин, а потоа и европските лидери кои присуствуваа на состанокот во среда.