Трамп оствари разговор со Зеленски за потенцијален прекин на огнот во судирот меѓу Киев и Москва

12
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со украинскиот колега Володимир Зеленски за потенцијален прекин на огнот во судирот меѓу Киев и Москва, пренесе Си-ен-ен.
Трамп на тој начин ги започна денешните дипломатски напори, наместо прво да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што претходно се очекуваше, додава Си-ен-ен.
Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит претходно денеска изјави дека се очекува Трамп да ѝ се обрати на јавноста по телефонските разговори со Путин и Зеленски, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ