Трамп: Она што Русија го прави во Украина е одвратно

274

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени денеска дека руските акции во Украина се „одвратни“ и дека планира да воведе санкции врз Москва доколку не се постигне договор за прекин на огнот, објави Ројтерс.

Во разговор со новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека не е сигурен дали санкциите ќе ја одвратат Русија.

Тој му даде рок на рускиот претседател Владимир Путин до 8 август да постигне договор за прекин на огнот со Украина, предупредувајќи дека ќе одговори со економски притисок ако не го стори тоа.

Во комбиниран руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта загинаа 26 лица, а 159 беа повредени.

Според украинските власти, нападнати се 27 локации во четири области на украинскиот главен град, а цел биле и станбени згради, училишта и болници.

ИЗДВОЕНИ