Трамп: Од 1 август на сила стапува воведувањето царина за бакар од 50 отсто

49

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави воведување на тарифа од 50 проценти за бакар, која стапува на сила од 1 август, со цел да се заштити домашното производство на суровината, објави „Ројтерс“.

Претседателот на САД нагласува дека добил „сеопфатна“ проценка за национална безбедност, според која тарифите се неопходни за заштита на домашното производство на суровината.

„Бакарот е неопходен за полупроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, литиум-јонски батерии, радарски системи, системи за ракетна одбрана, па дури и хиперсонично оружје, кое моментално го произведуваме во големи количини“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Земјите кои се најпогодени од новата царина се Чиле, Канада и Мексико, главните добавувачи на рафиниран бакар, бакарни легури и бакарни производи во Соединетите Американски Држави.

Чиле, Канада и Перу ѝ кажаа на американската администрација дека увозот од нивните земји не претставува закана и не треба да биде предмет на царини бидејќи имаат договори за слободна трговија со САД.

ИЗДВОЕНИ